Рано наутро во среда започна неверојатниот инженерски потфат за составување на најголемиот мост во Европа, а ќе трае се до вторник.
Русите започнаа да ги пренесуваат 5.500 тона тешките делови со бродови по Црното мора, кои ќе бидат дел од мостот кој ќе ги поврзува полуостровите Керч и Таман на Крим
За овој потфат, руските власти го запреа сообраќајот на овој дел од Црното море, а деловите долги 45 метри ќе бидат подигнати 35 метри над водата. Компонентите на мосто ќе бидат подигнати со 12 најмоќни дигалки кои може да поднесат терет до 650 тона.
Мостот во Крим ќе биде дол 19 километри што ќе го направи најдолг во Европа. Ќе има автопат со четири ленти и две за воз со капацитет да прима 40.000 возила и десетина возови дневно. Мостот за сообраќај ќе биде отворен на крајот на 2018 година