17.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Мурињо подготви интересна размена на играчи со Барселона

 

Тренерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо во главата веќе има неколку трансфер опции за наредните преодни рокови.

Португалскиот стратег ги погоди трансферите пред почетокот на сезоната, но очигледно е дека се уште во потполност не го добил тимот кој го посакува.

Проблем за сега му претставува средниот ред. Тука го има Немања Матиќ кој пред дојде пред почетокот на сезоната, а србинот веќе ја стекна довербата кај стратегот поради сјајните одработени натпревари. Жозе сега сака со пар во Матиќ да игра и играчот на Барселона Иван Ракитиќ, а поради тоа подготвил многу интересен план за Каталонците.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Жозе има намера веќе во јануари месец да и понуди на Барселона францускиот фудбалер Антониот Мартиал како замена за Иван Ракитиќ.

Мартиал е многу добар играч, но очигледно не е во првите планови на Мурињо, па португалецот на неговото место би сакал да го види Ракитиќ. Од друга страна, Барселона веројатно не би имала ништо против да им дојде Мартиал бидејќи се работи за фудбалер кој игра на позицијата крилен напаѓач, а баш овде на Барселона и недостасува играч.

Да се потсетиме, Каталонците пред стартот на сезоната го купија Дембеле од Дортмунд за повеќе од 100 милиони евра, но многу брзон после доаѓањето му се случи повреда поради која ќе биде надвор од терените цели пет месеци, односно до јануари.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави