Раководството на Милан пронајде нов тренер при евентуално отпуштање на Винченцо Монтана.
Поранешниот напаѓач е под голем притисок поради слабите резултати на “росонерите” во последно време. Иако фрлените 200 милиони евра за засилувања, седумкратниот шампион на Европа се претставува неодлучно во Серија “А”, каде допушти три порази и за година по ред се појави медиокритет пласман. Се очекува при пораз во неделното дерби со Интер, Монтела официјално да биде ослободен од функцијата.
Според авторитетното швајцарско издание Blick, раководните фактори на “Сан Сиро” веќе почнаа преговори со Владимир Петковиќ. Во материјалот се пишува дека спортскиот директор на клубот Масимилиано Мирабели се сретнал со поранешниот тренер на Лацио пред два дена во Португалија и разговарале можноста да застане на чело на Милан.
54-годишниот Петковиќ во моментов е селектор на Швајцарија, но може да остане без работа, ако “банкарите” не се квалификуваат на СП 2018 во Русија. Тимот заврши зад Португалија во квалификациската група и ќе игра бараж.