Кабинетот на швајцарскиот државен обвинител соопшти дека е покрената истрага против катарскиот претседател на ПСЖ, поради сомневање дека извршил кривично дело поткуп, поврзано за емитување на натревари од Светското првенство во фудбал.
Од кабинетот на државниот обвинител соопштуваат дека истрагата се однесува на митото кое е понудено на поранешниот генерален секретар на ФИФА, Жером Валке, со цел да им го додели правото за емитување натпревари од светските првенства во 2026 и 2030 година на катарската медиумска грума „beIN“.
Истрагата се води против Жером Валке, извршниот директор на „beIN“ Насер Ал-Келафи и бизнисмен во секторот за спортски права, стои во соопштението.
Според првичните информации Валке во четвртокот бил на распит, а претрес на имотите е направено во Франција, Грција, Италија и Шпанија.