Македонската одбојкарска репрезентација, денес во Луксембург ги дозна своите противници за квалификациите на Европското првенство во 2019 година кое ќе се одржи во четири земји, Франција, Словенија, Холандија и Белгија.
Нашите „спартанци“ се најдоа во групата Ф, а за противници ги добија Швајцарија, Унгарија и Укаина. Квалификациските натпревари ќе започнат во август 2018 година, а ќе завршат во јануари 2019, а со настап на Европското првенство ќе се здобијат селекциите кои ќе завршат како први во своите групи, плус пет најдобро второпласирани.
Селекции кои веќе обезбедиле настап на првенството се: Франција, Холандија, Словенија, Белгија, Русија, Германија, Србија, Италија, Бугарија, Чешка, Полска и Турција.