13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Блажевски: Ја повикувам публиката за масовна поддршка во дуелот со Шкендија

Екипата на Вардар утре го игра  дерби против Шкендија кое на програмата е со почеток во 14:30 часот на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје. Во најава на дерби-дуелот, напаѓачот Дејан Блажевски истакна дека очекува добра игра и на крајот освојување на трите бода.

„Нашата цел на овој натпревар е освојување на трите бода, иако играме против една добра екипа. Меѓутоа верувам дека ако пружиме добра игра, ако играме онака како што ќе се договориме, дека можеме да ја оствариме нашата цел. Ја повикувам и публиката да дојде во што поголем број да ни даде поддршка за да стигнеме до победата на ова дерби“, вели Блажевски. 

Вардаровиот голгетер е задоволен од првиот дел од шампионатот на Македонија, во кој што Вардар претрпе само еден пораз и одигра едно „реми“.

„Ова за нас беше тежок прв дел од сезоната. Игравме и во Европа, и од тука имавме тешки натпревари. Освен оној пораз со Шкендија и нерешениот резултат со Скопје, на другите мечеви остваривме победи и мораме да бидеме задоволни. Но, верувам дека овој втор дел до крајот на есенскиот дел ќе биде уште подобар и дека ќе успееме да стигнеме до првото место, онаму каде што ни е местото“, изјави играчот во нападот на Вардар. 

поврзани објави

Последни објави