7.8 C
Skopje
Thursday, February 22, 2024

Соколов до Трајковски: Не дозволувајте да ги закрвуваме нашите млади и активисти

Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ во Делчево Иван Соколов на денешната прес конференција рече дека кодексот за фер и локални избори потпишан од учесниците во истиот не е испочитуван од страна на неговиот против кандидат СДСМ.

„Со кинење на плакати, пишување на улици, уништување билборди е надвор од кодексот кој го потпишавме. Ги повикувам да прекинат со овие активности. Не сакам да се случи нашите деца, нашите активисти се судрат на било каков начин. Некој што се однесува на ваков начин воопшто не ме загрижува, бидејќи морам да им порачам дека слободно можат да кинат плакати колку што сакаат, можат да кинат паноа и да уништуваат билборди, бидејќи ова зборува доволно за нив. Правете што правете, не дозволувајте да ги закрвуваме нашите деца, да не предизвикаме инцидент за кој потоа би жалеле“, рече Соколов.

Тој истакна дека од разговорот со своите сограѓани разбрал дека програмата која ја понудиле е премала и има простор за зборот на граѓаните, за нивните идеји кои би биле реализирани во иднина.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -