11.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

ИНТЕРВЈУ Соколов: Јас поправам, создавам и градам – Делчево ќе биде европски град

Интервју со кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ во Делчево Иван Соколов

 

ПОГЛЕД: Кои се вашите мотиви и зошто се нафативте на оваа кандидатура за градоначалник на општина Делчево ?

Како човек кој потекнува од Делчево, кој скоро 30 години ги помина во политиката, како човек кој беше еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ  и човек кој остави се зад себе и семејство и имот во Австралија  и триесет години се вгради во создавањето на суверена и независна Р.Македонија и во целиот тој изминат период гледајки ги сите недостатоци на минатите градоначалници и  функционери кои се обидоа да создадат нешто и делумно или исцело не успеаа е доволен предизвик за мене зошто знам дека умеам и можам да направам од Делчево атрактивно и достојно место за живеење.

ПОГЛЕД: Што ќе биде за вас приоритет доколку ја добиете довербата на граѓаните

Значи ако ја добијам довербата прва и основна задача за мене ке биде да ја оправдам таа доверба. Од секогаш сум се држал до кажаното. Договорот и пружената рака за мене е  закон и тој мој принцип не го менувам за ништо во светот. Верувам во луѓето а верувам и во себе и затоа  сум сигурен дека ке успееме заеднички.

Соколов: На 15-ти сите заеднички да излеземе, сите заеднички да го дадеме својот глас за Македонија.

 

ПОГЛЕД: Како планирате да ја одблокирате општинската каса, ако се точни информациите, Општина Делчево должи околу 240 милиони денари, долг со се камати ?

Долговите се сериозен хендикеп. Но мислите ли дека ке ми беше понудена таа функција ако беше поинаку? Сигурно Партијата и релевантните факрори во неа го вреднувале мојот минат труд, моето знаење и умешност, мудрост и упорност па се одлучиле да мее постават мене. Им благодарам за тоа и ке направам се за да не ги посрамотам.

ПОГЛЕД:  Како ке го сопрете иселувањето и што е вашиот приоритет за младите за да се задржат дома ?

Иселувањето не е само проблем во Делчево и Македонија. Видете што се случува во соседна Бугарија и соседна Србија. Таму тој тренд е многу поизразен. За да се задржат младите треба да им овозможиме подобри услови за живот. Тоа ке го направиме само ако сите заеднички го дадеме својот максимум во работата и должностите кои ги имаме. Треба да започнеме да размислуваме во согласност со новото време. Не е грев ако некој работи во Германија  Холандија или Англија доколку тој размислува и создава во македонија . Денес во секој поглед  Берлин и Рим се поблизу и поевтино се стасува таму отколку да работите во Скопје или Битола. Така да, треба да ги мотивираме нашите млади да ја гледаат својата иднина во Р. Македонија без разлика каде и да работат.

 

ПОГЛЕД: Како ја оценувате работата на претходната локална власт во Делчево?

Луѓето го дадоа својот максимум и се согласувам дека не е доволно. Веројатно некој после мене ќе даде слична оценка за моето работење , но  тоа е добро зашто знам дека секогаш може повеќе и подобро. Впрочем  критиката ги предвижува работите нанапред.

ПОГЛЕД: Како ќе се изборите со партизираноста во администрацијата. Дали и понатаму членска книшка ќе биде услов за вработување во локалната администрација?

Делчево ке има ефикасна администрација. За мене воопшто ништо не ми значи кој од која партија ,националност или друга провениенција е, за мене е важно административецот да биде ефикасен и професионален во својата работа и да ги исполнува очекувањата на своите клиенти односно странки. Ке берат јадови сите оние кои мислат дека можат својата неспособност да ја покриваат со членска книшка.

ПОГЛЕД: Што би му порачеле на вашиот конкурент за градоначалничката функција на Делчево и која позитивна карактеристика би ја издвоиле за него ?

Да му порачам да ги инструира подобро своите приврзаници да продолжат да кинат плакати, банери и паноа . Да ги спрејат и бојадисуваат улиците  и  тротоарите.  Знам дека тоа го прават најдобро зашто деструкцијата им е во крв.  Да им дадам на знаење дека ние ке залепиме нови плакати ке купиме нови банери и паноа , јас поправам ,создавам и градам.  Ке ги избришеме графитите ке ги очистиме улиците од хартии зошто сакаме Делчево да личи на европски град.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

поврзани објави

Последни објави