14.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Роналдо бесен поради Меси, ја обвинува Аргентина дека имала помош

 

И Кристијано Роналдо и Лионел Меси на крајот го осигураа СП во Русија, но за разлика од Роналдо, кој имаше неколку големи промашува, Меси во одлучувачкиот натпревар против Еквадор постигна хет трик и ја одведе својата репрезентација на Светско првенство.

Аргентина за малку ќе останеше без настап во Русија, но Меси беше упорен и тоа не се случи. Меѓутоа, по неговата брилијантна изведба, ѕвездата на Реал се налутила бидејќи целото внимание тргнало во сосема спротивен правец. Наводно моментално најдобриот светски фудбалер е лут што сите веруваат дека Аргентина ќе го освои СП, а никој во фаворитите не ја става Португалија.

Критии има и за играчите на Еквадор, кои се обвинети дека немале многу мотив против Аргентина, односно добар дел од нив воопшто не биле концентрирани на играта. Тоа можеше добро да се види и кај головите на Аргентина. Според некои извештаи се тврди дека пет играчи на Еквадор пиеле и се забавувале вечерта пред натпреварот, пишува Gol.hr.

Но, едно сепак е сигурно. Меси и Роналдо повторно ќе се борат за највисоката титула и имаат мотивација идната година да догураат што повеќе со репрезентацијата. Потсетуваме, Меси доста добро играше на финалето СП, додека Роналдо минатата година стана европски првак.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави