Македонскиот фудбалски првак Вардар се врати во трката за шампионската титула откако одигра во вистинска смисла на зборот дерби со Шкендија. Гледачите на „Филип Втори“ кои за жал беа едвај 1000 на број, можеа да проследат меч со неверојатен пресврт, зачинет со шест гола
Шкендија дојде до водство во 26 минута после акција од средината на теренот, Ибраими додаде до Жуниор кој што излезе сам пред голот, шутираше прецизно во долниот десен агол. Немоќен беше голманот Гачевски.
Вардар до изрмнување од 1-1 стигна по голот од пенал на Фелипе кој што шутира прецизно во долниот десен агол од голот на Захов, кој тргна на спротивната страна.
Во 62. минута следеше нов пенал, сега за Шкендија. Судијата Мечкаровски покажа на белата точка откако го окарактеризира како прешкршок стартот на Глигоров над Хасани. Сигурен реализатор минута подоцна беше Ибраими и го донесе тимот на Шкендија во ново водство.
Сепак, за да продолжат возбудувањата, Вардар веќе во првиот напад откако тргна од центарот успеа да дојде до нов гол. Од десната страна Итало се проби, додаде до Блажевски кој што од 3-4 метри погоди во празниот гол на Шкендија и го израмни резултатот.
Во 73. минута прво водство на Вардар на натпреварот. Фелипе од 25. метри се реши на шут, топката одеше во долниот лев агол, лоша интервенција на Захов, и топката оди во мрежата на Шкендија за конечни 4-2.