-1.2 C
Skopje
четврток, декември 11, 2025
spot_img

Зоидо: Ќе ја превземеме контролата над Каталонија

spot_img

Шпанскиот министер за внатрешни работи Хуан Игнасио Зоидо во саботата објави дека шпанската влада ќе ја преземе контролата на Каталонија , ако нејзиниот лидер Карлес Пуџдемон двосмислено одговори на прашањето дали ќе прогласи независност од Шпанија.

„Одговорот мора да биде јасен. Тоа мора да одговори или „да“ или „не“. Ако одговорот е двосмислен, тоа значи дека тој не сака дијалог, па така шпанската влада ќе мора да дејствува”, рече Зоидо.

Премиерот на Шпанија, Маријано Рахој му даде рок на Пуџдемон до понеделник да ја разјасни својата позиција, а потоа и на крајниот рок до четврток да се премисли ако сеуште инсистира на поделба, за која граѓаните на Каталонија гласаа на референдумот што се одржа на 1 октомври.

поврзани објави

Последни објави