fbpx
-6.2 C
Skopje

Некој „нов“ Металург: И без Червар и без Кузмановски до победа кај Чеховски Медведи

АКТУЕЛНО

Во извонреден натпревар, ракометарите на Металург извојуваа победа во Чехово, каде го совладаа тимот на Чеховски Медведи, со резултат 32:26 (15:15). За Металург ова беше прва сезонска победа во гостин, а втор меч во низа како што ќе се вратат со бод од гостување, по ремито минатото коло со Мотор Запорожје.

Дополнителна тежина дава и фактот што клубот од Автокоманда настапи без тренеро Лино Червар како и капитенот Филип Кузмановски. Но тука беа младиот голман Матин Томоски, како и Јагањац кој го предводеше тимот со 9 гола.

Одличен ефект имаше и Пешевски кој придодаде 6 гола, а по 4 дадоа Анѓелиќ и Илиќ.

Чеховски Медведи – Металург 26:32 (15:15)

Чеховски Медведи: Андреев 2, Болотин, Џемин, Фуртцов, Грушко, Карлов 1, Корнев 3, А. Котов 2, К.Котов 1, Куретков 5, Маслеников 4, Осташченко 1, Павленко, Санталов 6, Шарков 1 и Василев.   Седмерци: 6/9.   Исклучувања: 6 минути.

Металург: Арсиќ (3 одбрани), Томовски (8 одбрани + 3 седмерци), Анџелиќ 4, Арсеновски, Димитриевски, Гуглета 1, Илиќ 4, Јагањац 9, Палевски, Пешевски 6, Петров, Серафимов 3, Танкоски 3, Токиќ 1 и Велковски 1.    Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 8 минути.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -