Во центарот на шведскио град Стокхолм беше поставен билборд, кој е со цел да ги натера луѓето да го откажат пушењето. Имено, станува збор за билборд, кој кога ќе поминеш до него со цигара започнува да кашла.
Кога на прв поглед ќе се забележи билбордот, тој изгледа само како една обична фотографија на модел. Но кога до него ќе помине човек со запалена цигара, моделот од фотографијата започнува да кашла, бидејќи му пречи чадот. На екранот се појавуваат и различни производи, кои имаат цел да им помогнат да пушачите да се откажат од нивната лоша и штетна навика.
„Целта на кампањата беше да се поттикне дискусија за темата, да се документираат рекации, да се поттикнат луѓето да водат поздрав живот”, вели Фредрик Кулберг, маркетинг директор во аптеките на „Apotek Hjartat“.