Според прогнозите на метеоролозите, Велика Британија ја очекува нова временска непогода после ударот на ураганот „Офелија“. На 21. октомври, ураганот „Брајан“ се очекува да ја зафати целата површина на Велка Британија и ќе ги уништи дрвата и објектите кои предходно беа зафатени од „Офелија“.
Метеоролозите предупредуваат за систем со низок притисок, кој моментно е над Атлантикот, односно пад од 24 милибара во текот на 24-часовен период, предизвикувајќи “експлозивен циклус” или “временска бомба”.

Се очекуваат ветришта на урагански сили и големи бранови. Невремето, според метеоролошката најава, ќе го погоди југозападниот брег на земјата во 9 часот во саботата, 21 октомври, со ветер од околу 128 километри на час.
Жителите на западните и југозападни крајбрежни области беа предупредени за големи бранови со цел да се припремаат за одбрана од поплави.