10.8 C
Skopje
Saturday, February 24, 2024

Панчевски на „Топ Тема“: Јас сум последниот бастион на правдата, АКМИС не е злоупотребуван

Владимир Панчевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд, денес во своето гостување во Топ Тема на телевизија Телма, изјави дека не го злоупотребил АКМИС системот за распределување на предметите на судиите, и додаде дека и покрај тоа што имал моќ како претседател да репредели предмет на судија, тоа никогаш не го направил.

„Јас никогаш рачно немам распределено предмет на судија. Не е точно дека некои судии намерно се тргнати за да не работат на предмети на СЈО. Самите судии приговараа на прераспоределувањето затоа дека има беше нарушена лагодноста и само да седат и да земаат плата“, вели Панчевски.

На прашањето дали се препознава во извештајот на Приме во делот на заробената држава каде станува збор за судството, Панчевски рече дека бил претседател на Основен суд Скопје 1, кога бил објавен првиот извештај на Прибе, додека пак за вториот изјави дека е нарачан за да го расчисти со судството. Тој напомена дека се смета себеси и Кривичниот суд за последните пастиони на правдата во Македонија.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -