17.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Фудбалска драма во Лондон: Челси водеше, па мораше да спасува пораз од Рома (ФОТО)

Денеска се одиграа вкупно осум натпревари во рамките на 3. коло од групната фаза во Лигата на шампиони, каде по три бодови запишаа екипите на ПСЖ, Барселона, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Базел и Јувентус.

Вистинско фудбалско шоу приредија екипите на Челзи и Рома, кои ремизираа со конечен резултат од 3:3. Натпреварот прв го отвори домашниот тим преку голот на Луиз во 11. минута од натпреварот. Во 37. Азар успеа да зголеми на 2:0, но само три минути подоцна, фантастичниот српски интернационалец, Александар Коларов го ублажи водството на Челси, постигнувајќи погодок во 40. минута за 2:1, резултат со кој се замина на полувреме.

Челси – Рома

Во продолжението од вториот дел на натпреварот, Рома преку двата кола на Џеко во 64. и 70. минута успеа да направи целосен пресврт на натпреварот, но сето тоа не траеше долго. Во 75. минута Азар со глава успеа да го совлада голманот Алисон и да ги постави конечните 3:3 на натпреварот.

Челси-Рома

Во останатите натпревари кои се одиграа оваа вечер, Атлетико Мадрид со играч повеќе не успеа да си дојде со три бодови во гостувањето кај Карабах, ПСЖ убедливо славеше на гости кај Андерлехт со 4:0, Барселона со играч помалку го демолираше Олимпијакос на „Камп Ноу“ со 3:0, Селтик беше совладан од Баерн на гостински терен со 3:0, Јунајтед минимален против Бенфика на гости со 1:0, а со ист резултат финишираа и ЦСКА Москва и Базел, во полза на гостите. Јувентус во самиот крај на натпреварот успеа да постигне погодок и да се извлече од ремито против Спротинг од Лисабон, со конечни 2:1.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави