29.8 C
Skopje
Sunday, June 29, 2025

Таравари: Во политиката се é можно!

„Показател за тоа како функционира здравствениот систем во нашата држава е смртноста на бебињата, а тоа е последица на поранешното девалвирање на здраствениот систем во Македонија“, коментира министерот за здравство Арбен Таравари.

Според Таравари Локалните избори се поважни отколку централните.

„Овие избори се поважни, отколку централните. Имавме договори и пред првиот круг, ама оставивме за во вториот круг да се случи и онаму каде што треба да се помагаме. Во централно ниво продолжуваме. Се доведовме во ситуација да соработуваме со БЕСА, затоа што СДСМ во сите општини им помогна на ДУИ, во сите општини без исклучок. Гласачкото тело на СДСМ е такво да еден дел не е послушен, па така и со Гостивар. Тоа се чесни граѓани кои не гласаат“, вели Таравари во емисијата „Ноќно студио“.

Алијансата на Албанците и БЕСА случија коалиција за 12 општини, каде кандидатите за вториот круг на Локалните избори ќе им бидат заеднички, со цел да стават стоп на владеењто на Али Ахмети и ДУИ.

„Ова е политика, во политиката сè е можно“ – констатираше Таравари.

поврзани објави

     

Последни објави