7.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

Јакимовски: За да не колат по улиците и да разнесуваат дрога ли ги пуштивте криминалците на слобода?

ГРОМ беше првата партија која ги осуди 27 априлските настани и бараше правна разрешница за сите актери во тој настан. Ние сме сведоци дека за време на изборниот ден кога се уште се бројеа гласовите, нашиот штаб беше нападнат од активисти на СДСМ и верувале или не, истите досега не се повикани на разговор, кога истите извадија лисици и нож, се закануваа со убиство и физички да се пресметаат со наши колеги и можете да замислите вечертва обвинителство се изјаснило дека овде нема кривично дело. За ова ли менувавте обвинител? Промената на обвинителот не значи заштита на криминалците, особено оние кои ни ги трујат нашите деца во општина Карпош, кои разнесуваат дрога и кои се затворски повратници. За тоа ли ги пуштивте пред месец, за да доаѓаат да не колат по улиците и полесно да разнесуваат дрога, стои во изјавата на претседателот на ГРОМ Стевче Јакимовски пред Јавното обвинителство.

поврзани објави

Последни објави