32.8 C
Skopje
Sunday, June 29, 2025

Поповски: Медиумите треба да бидат коректив на нашето работење

Министерот без ресор, Роберт Поповски, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентот денес оствари средба со амбасадорката на Хрватска, Данијела Бариши, на која изјави дека се е подготвено да се променат условите за работењето на медиумите на најтранспарентен начин.

„Имаме политичка волја и стручна подготвеност да ги спроведеме медиумските реформи и да ги подобриме условите за работење на медиумите на најтранспарентен начин во соработка со медиумските професионалци“, изјави Поповски.

Според Поповски медиумите треба да бидат коректив за работењето на Владата, додека пак таа треба да работи чесно и транспарентно.

„Ние треба да работиме чесно и транспарентно, а јавноста и медиумите треба да бидат коректив на нашето работење. Тоа не може да се остварува ако не сме транспарентни и отчетни во нашата работа“, истакна министерот Поповски.

Како што пренесуваат од владината служба за информирање, Баришиќ пренела искрени честитики од Хрватската влада за успешно спроведените локални избори во Македонија. Исто така ја пофалила транспарентната и отчетната работа на новата Влада на Република Македонија и покажала голем интерез за спроведување на Планот 3-6-9 за забрзување на процесите на евроинтеграциите на Македонија.

поврзани објави

     

Последни објави