29.8 C
Skopje
Sunday, June 29, 2025

ДИК: Приговори за гласањето на Советот има во девет општини, во 72 резултатите се конечни

Државната изборна комисија денеска соопшти дека приговори за гласањето на советничките листи има за во осум општини и за Град Скопје, додека пак резултатите од гласањето во 72 општини до ОИК никој не се пожалил.

Согласно тоа, новите советници во 72 општини веднаш ќе ги добијат решенијата за изборот, додека во останатите девет ќе мора да се чека ДИК да одлучи во врска со поднесените приговори, и дали ќе има тужби до Управниот суд во врска со одлуките на ДИК.

Приговори за советнички листи се поднесени за Град Скопје, општините Центар, Сарај, Струга, Гостивар, Радовиш, Прилеп, Кривогаштани и Куманово.

До крајот на следната недела мандатите треба да ги добијат 40 од избраните кандидати во првиот круг од локалните избори, додека Петре Шилегов, Саша Богдановиќ, Илија Јовановски и Герасим Конзулов ќе мора да почекаат додека се разгледуваат приговорите. Единствено новиот градоначалник на Пехчево од редовите на СДСМ, Драган Тренчовски ја презеде својата функција.

Во прилог ви ги прикажуваме градоначалниците кои ќе седнат на чело на своите општини до крајот на следната недела:

Златко Марин – Аеродром
Меликије Халими – Арачиново
Звонко Пекевски – Берово
Наташа Петровска – Битола
Блаже Шопов – Богданци
Зоран Зимбаков – Босилево
Перо Костатадинов – Валандово
Марјан Јанев – Василево
Сашо Јанкоски – Вевчани
Аце Коцевски – Велес
Сашо Поцков – Гевгелија
Зоран Ногачески – Дебарца
Горан Трајковски – Делчево
Марјанче Стојановски – Демир Хисар
Анго Ангов – Дојран
Александар Наумовски – Ѓорче Петров
Борче Гиевски – Зелениково
Жика Стојановски – Илинден
Стефан Богоев – Карпош
Фатмир Дехари – Кичево
Благој Илиев – Конче
Николчо Илијев – Кочани
Љупчо Бојаџиев – Кратово
Борјанчо Мицевски – Крива Паланка
Томе Христоски – Крушево
Максим Димитриевски – Куманово
Ацо Велковски – Лозово
Медат Куртовски – Маврово и Ростуше
Тони Делков – Неготино
Боро Стојчев – Ново Село
Јован Стојаноски – Охрид
Борче Митевски – Петровец
Исмаил Јахоски – Пласница
Ивица Тошевски – Ранковце
Живко Гошаревски – Ресен
Сашо Велковски – Свети Николе
Стефче Трпковски – Сопиште
Коста Јаневски – Струмица
Аријан Ибраими – Центар Жупа
Јован Пејковски – Чучев Сандево.

поврзани објави

     

Последни објави