23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

ДИК ги одби сите приговори

Државната изборна комисија ги одби сите поднесени приговори поднесени за првиот круг од локалните избори што се одржаа во неделата. Љупка Гугучевска од ДИК изјави дека седницата завршила утрово и оти се одбиени сите приговори. До ДИК беа поднесени вкупно 46 приговори од кои 43 на ВМРО-ДПМНЕ, но пред почетокот на вчерашната седница беа повлечени три и еден во текот на седницата. По еден приговор имаа ТМРО, Алијансата на Албанците и Левица. Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението, а Управниот суд, пак, по приемот на жалбата, треба да донесе одлука во рок од 48 часа. Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 29 октомври (недела).

поврзани објави

Последни објави