Месут Озил им признал на своите соиграчи од Арсенал дека ќе оди во Манчестер Јунајтед, објави “Дејли мејл”.
Договорот на германецот со „топчиите“ истекува на крајот од сезоната и тој може да замине без никаков надомест. Минатата недела Арсен Венгер призна дека Озил може да биде продаде во јануари за да може клубот да земе некакви пари за играчот.
Најзагреани за потписот на Озил се „Црвените Ѓаволи“, и секако менаџерот Жозе Мурињо. Специјалниот не ги крие своите симпатии кон Месут Озил, за кого еднаш има кажано дека е најдобрата „10-ка“ во светот.