Турските власти се во потрага на 110 лица поради нивните наводни врски со групата на исламскиот духовник Фетулах Ѓулен, за кого Анкара вели дека стои зад обидот за државен удар во земјата од јули минатата година, објави Ројтерс. Полициската операција за апсење на осомничените, меѓу кои има гувернери, вработени во безбедносните структури, а исто така и вработени во издавачката куќа „Кајнак“се одржа во Истанбул, но опфатени исто така се и 24 други провинции. Повеќе од 50.000 луѓе се притворени во Турција за време на истрагата поради можни врски со Ѓулен, додека 150.000 беа отстранети од своите позиции во армијата, државната администрација и приватниот сектор.