2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Универзитетот во Мосул е ослободен: ИД го користеле за производство на хемиско оружје

Ирачките владини сили успеаја да ја преземат контролата над Универзитетот во Мосул, откако во текот на вчерашниот ден се водеа силни битки со група борци на Исламската Држава.

Според информациите на Би Би Си, во лабаратариите на универзитетот биле пронајдени докази дека се користеле за правење на хемиско оружје од страна на ИД.

Талиб Шагати, командантот кој што ја водел операцијата, изјавил дека преземањето на Универзитетот во Мосул е голема победа за армијата.

„Ослободувањето на Универзитетот во Мосул е од големо значење, земајќи ја во предвид неговата општествена и хуманитарна симболика“, изјави Шагати.

Од ирачката армија тврдат дека веќе преземале контрола врз поголемиот дел на градот Мосул, а веќе контролираат и три од петте клучни мостови на реката Тигар, која го цепи градот на два дела.

поврзани објави

Последни објави