10.8 C
Skopje
Saturday, February 24, 2024

Volkswagen прави нови електрични автомобили кој ќе рушат рекорди во сферата на брзината

Volkswagen е во мисија да стане најголем производител на електрични возила во светот и сега работи на електричен автомобил кој ќе вози на трката Pikes Peak International Hill Climb во 2018 година. Трката ќе се одржи во Колорадо Сорингм Колорадо во јуни идната година. Иако патеката е долга само 20 километри, не е лесно искачувањето по ридовите.

Од VW велат дека Pikes Peak hill climb е една од најпознатите трки на автомобили во светот, која претставува голе  предизвик и токму затоа е одлична можност да се докажат капацитетите на идните технологии. Минатата година автомобилот „e0 PP100“ го постави светскиот рекорд за најбрз модифициран електричен автомобил во светот. Изминатите години на Pikes Peak има се повеќе електрични автомобили бидејќи поради големата висина и реткиот воздух моторите со внатрешно согорување потешко се движат.

Новиот електричен тркачки автомобил го прави Volkswagen Motorsport во Германија. Според компанијата, податоците кои ќе се собрат од трката Pikes Peak ќе се искористат за доразвивање на останатите електрични возила на VW. Фамозниот Microbus (кој повторно ќе се врати во 2022 година) ќе биде само едно од возилата кои ќе имаат корист од резултатите од трката.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -