11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Вечните војни на Америка

Од 11 септември 2001. г. САД е во постојана состојба на војна. Агресивната внатрешна политика на Вашингтон е продолжение на идејата за “светски полицаец“ кој ќе се грижи се во светот да се случува “како што треба“.

Практичниот израз на ваквата ситуација може да се најде во над 240 илјади воени службеници на активна служба и во резерва, распределени на територијата на општо 172 држави и територии.

САД се ангажирани активно не само во конфликтите во Авганистан, Ирак, Сирија и Јемен, кои редовно влегуваат во најновите вести,но исто така имаат свое учевство во Нигер, Сомалија, каде што беа извршени исклучително крвави атентати, Јорданиа, Тајланд итн. итн.

Освен тие уште 37 813 војници се назначени на тајни операции, чија база на оперирање е “неизвесна“ а Пентагонот негира да даде повеќе информации.

Најголемо присуство на американски војници има во Далечниот исток – Јапонија (19 980 војници и персонал) и Јужна Кореја (23 591). Основна причина за тоа е заканата од Северна Кореја и тајната јадрена програма. Други клучни места со засилено присуство на американски воени сили е во Германија (36 034), Велика Британија (8286) и Турција (2364) држави кои се сојузници на САД во НАТО.

Американските операции во зони на конфликт се прошируваат и во Африка: 400 војници во Сомалија ги обучуваат локалните војници за операции против исламистичките групи кои понекогаш влегуваат во конфликти со нив. Во текот на мај оваа година беше убиен и војник од военоморските групи.

Имено, во сомалиската престолнина Могадишу на 14 октомври беше извршен и еден од најсмртносните атентати во светот чиј исход бешенад 270 жртви. Според експертите на нападот стои група Харакат ал- Шабаб ал- Муджахидин – сомалискиот клон на Ал Каеда.

Многу од американските воени сили се ангажирани и во борбата против тероризмот – например против талибаните во Авганистан, против “Исламска држава“ во Ирак и Сирија, против филиала на “Ал Каеда“ во Јемен и т.н.

Американците го прифатија фактот дека овие мисии и испраќањето на војски во проблематичните реони, ќе продолжат бескрајно. И сепак, многу реално е прашањето дали, освен што ги поддржаа овие ангажмани, кои за последните 16 години ја чинеа Америка повеќе од трилиони долари и многу човечки животи, дали САД ќе превземе и нови офанзивни акции, за кои претседателот Трамп вели дека ќе бидат насочени против Иран и Северна Кореја.

Според Ендрју Бачевич, ветеран од војната во Виетнам и татко на загинат војник во Ирак, колективната рамнодушност кон војната веќе е амблем на современа Америка.

Основна причина за ладниот однос на општеството кон воените дејствија на САД во светот е фактот дека тежината на жртвите паѓа врз релативно мал број семејства. Америка не е дел од масовна војна, слична на онаа во Виетнам, поради таа причина бројот на жртвите не е доволно голем за да предизвика бурни протести.

За време на војната во Виетнам, многу повеќе семејства се изложени на оваа опасна близина со војната. Во моментов, сепак американската армија е целосно доброволна, добро вооружена и реално под 1% од населението на земјата служи во војската (во споредба со околу 12% во текот на Втората светска војна). Поради овие факти, поголемиот дел од општеството едноставно нема блиски луѓе, кои да се погодени од сите овие воени акции.
Освен тоа делот на дадените жртви се намалува во текот на последните години, особено откако беа намалени контингентите во Ирак и Авганистан. Основна причина за тоа изигра и промената на стратегијата на Пентагон по однос на прашањето на улогата на американските војници во туѓи конфликти. Во овој дел тие повеќе дејствуваат во делот на обуката, вооружување, разузнавачки информации и поддршка од воздух, оставајќи умирањето на бојното поле во рацете на локалните војници.

Така например за 2017 г. во Авганистан САД имале само 11 жртви, а во Ирак – 14. За споредба загинатите авганистаниски војници за 2016 г. се 6785 и 2531 за првите пет месеци на 2017 г. За бројот на цивилните жртви нема точна информација.

Од своја страна, нападите на терористичките групи во Европа и на “Исламска држава“ го засилија стравот во американското општество, натерувајќи ги американците со позасилено темпо да дејствуваат во справувањето со проблемите.

По сите направени анализи, Америка во скоро време нема никаква намера да го намалува своето воено присуство во туѓина. Прашањето е дали САД се подготвени да учевствуваат во нови воени дејствија, кој би разбранувале за жал повторно конфликти?

 

поврзани објави

Последни објави