ЕК: Нашиот став за Каталонија останува ист

126
evropskakomisija

Европската комисија соопшти дека не го сменила ставот за Каталонија по изјвата на шпанскиот премиер Мариано Рахој дека ќе ги активира посебните уставни овластувања, со цел да се распушти регионалната влада и да се распишат вонредни избори.

Од ЕК се децидни дека ставот на Комисијата е јасен и дека тие секогаш зборувале за почитување на уставното и правното уредување на Шпанија.

Порано денеска портпаролот на каталонското Министерство за надворешни работи, Раул Ромева нагласи дека  единствено Каталонците имаат право да ги сменат регионалните институции.

Шпанскиот премиер Мариано Рахој пред два дена изјави дека Владата донела одлука за преземање контрола врз каталонскиот Парламент и администрацијата, а на 27 октомври предлогот ќе биде ставен на гласање во парламентот во Мадрид.