Вечерва во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ на Националната галерија на Македонија во 20.00 часот, со своја самостојна изложба ќе се претстави младата графичарка Шќипе Мехмети.
Ќе бидат презентирани околу 30 графики, кои Мехмети ги има изработено во последните неколку години, а се однесуваат на жената и нејзината фрагилност, но и моќ.
Изложбата е насловена „Фрагилност“ и вклучува графики во разновидни графички техники од сува игла, комбинирана техника итн. Проектот е ќе биде поставен во Мала станица до 2 ноември 2017 година.