14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Скопскиот дувачки квинтет вечерва на „Златна лира“ во Музеј на Град Скопје

Вечерва во 20 часот во Музејот на Град Скопје на Фестивалот „Златна лира“, концерт ќе одржи Скопскиот дувачки квинтет, кој одбележува 40 години од постоењето.

Скопскиот дувачки квинтет е еден од првите камерни оркестри во Македонија, кој во изминатите 40 години ја афирмирал македонската музичка култура на повеќе фестивали и настапи низ светот, како во Австрија, САД, Русија, Полска, Израел, а и во повеќе од земјите во регионот.

Во сегашниот состав на квинтетот се Марија Јакимовска – флејта, Васил Атанасов – обоа, Ристе Ѓоревски – кларинет, Даниел Апостолов – фагот и Александар Гошев -хорна. Овие музичари се дел и од камерниот оркестар „Скопски солисти“.

поврзани објави

Последни објави