Една од отворените загатки во светската историја е потрагата по одговорот, што се случува со руското злато по руската револуција. Станува збор за една од најпознатите мистерии во руската историја – каде се наоѓа златниот резерв на семејството на цар Николај II, огромна количина од овој благороден метал, за која се претпоставува дека исчезнува пред 100 години за време на револуцијата.
Според едната верзија, златото било натоварено на воз од транс сибирската железничка линија, но, не е познато каде застанал истиот тој воз. Некои се убедени дека златото е закопано некаде во Сибир. Други тврдат дека богатството лежи на дното на Бајкалското Езеро.
Историчарите сметаат дека целото злато е отворено и опишано. Ова тврдење е опишано и во книгата на Сергеј Волков, која ја следи судбината на “златниот воз” на генерал Колчак. Според многумина, сепак напишаното во таа книга не е вистина.
Пред Првата светска војна Русија го поседува третиот по големина златен резерв во светот, поголеми како количина се само резервите на САД и Франција.
Кога избувна војната, поддржувачите на царот – Белата гарда, преместуваат над 500 тони злато од тогашната престолнина Санкт Петербург во Казан. Тие стравуваат дека претолнината е многу блиску до западната граница на земјата и затоа го одбираат Казан – голем трговски град на патот на транс-сибирската железничка линија, кој се наоѓа на околу 630 километри источно од Москва.
Црвената армија на болшевиците, предводена од Владимир Ленин и Леон Троцки, го ставаат под опсада Казан со една единствена цел, а имено за да го грабнат златото.
Во летото 1918-та, по тешка битка Троцки и Ленин успеваат да заземат Казан, но кога војниците од Црвената армија свечено минуваат по скалите на банката во градот, тие не наоѓаат ништо. Богатството веќе е на пат кон Сибир, кој сеуште не е под контрола на револуционерите. Троцки тргнува по трагите на златото.
Книгата на Волков е објавена во 2011 година. Тој самиот е историчар со големо познавање на Сибир и Бајкал. Ако човек го прочита неговиот труд, може да си претстави како две вооружени железнички композиции, се гонат во сибирски шуми. Патот од Сибир до Казан денес трае три дена, но пред век патот траел со месеци. Возовите биле управувани од печки на јаглен кои биле полнети рачно.Уште поважно е тоа дека патувањето се одвивало во време на војна, недостиг на гориво, сурови зимски услови.
Неколку месеци подоцна, златото веќе е во рацете на генерал Александар Колчак, новиот предводник на Белата гарда. Генералот распоредува возот да отиде уште подалеку на исток, што е можно подалеку од непријателот. Возот стигнува до Иркутск, комерцијален град во близина на Бајкалското Езеро.
Во Иркутск се наоѓаат неколку чешките баталјони на платеници, кои никако не можат да се вратат дома бидејќи болшевиците го усвоиле западниот дел на земјата и ги прекинале патиштата кон Европа.
Чесите сепак сакаат да се вратат во својата татковина и затоа, кога возот со златото пристигнува во Иркутск, тие го пленуваат Колчак и богатство и го пренесуваат на Црвената армија како откуп за да можат да си заминат од пристаништето во Владивосток.
Во тоа време инфраструктурата во источна Русија се уште не е толку погодена од војната и од таа причина за Чесите овој пат е побезбеден. Заговорот е успешен – болшевиците земаат златото им овозможуваат на Чесите да заминат и веднаш го убиваат Колчак кој во наредните 70 години ќе биде претставен во учебниците како непријател на народот. Сепак, во Иркутск има речиси нов споменик на генералот Колчак. Спомен плоча на споменикот гласи дека тој се борел за идеали и го бранел богатство на империјата. Историјата на Колчак завршува во Иркутск, но не и историјата на руското царско злато.
Русите го товарат златото на друг воз, кој мора да се врати во Казан. Според книгата на Волков, богатството се враќа во градот. Но, некои историчари не се согласуваат со ова тврдење и велат дека недостигаат најмалку 200 тони злато.
Локалните луѓе се прашуваат дали чешките војници го предале сето злато на Црвената армија, или си оставиле дел о за нив? Постои локална легенда дека возот со златото и чесите пропаднал во Бајкал.
Ако ги прашате локалните дали ова е местото на кое “златниот воз” е пропаднат, тие ќе ви одговорат дека зависи кого прашувате. Луѓето во Москва не веруваат во оваа приказна, и мислат дека е целосно измислена. Но постарите жители на Иркутск, кои ги слушнале легендите од нивните родители, знаат дека со возот навистина се случило нешто.
Но за езерото Бајкал вели дека добро ги чува своите тајни. Дури и искусни нуркачи сеуште не го најдоа златото на дното. Но, дали навистина има злато на дното?
Кога истражувачката подморница Мир го истражува дното на езерото во 2009-та година, екипажот наоѓа остатоци од воз на 700 метри длабочина.
Сите луѓе во овој крај се прашуваат дали злато е закопано некаде таму – на дното на езерото или во блиските шуми. Поради оваа причина легендата за загубеното руско злато е незаменлив дел од Бајкал и Сибир. Таа легенда е премногу интересна за да умре туку така.