Не би требало да постои расправа околу тоа дали Кристијано Роналдо или Лионел Меси се во суштина најдобрите фудбалери на светот.
Но, тоа не е мислење на сите во светот на фудбалот.
Кристијано Роналдо можеби ја освои втората Златна топка по ред, но имаше осум капитени на репрезентации, десет селектори и еден член на медиумите кои не сметаат дека било кој од тројцата (Нејмар, Кристијано Роналдо, Лионел Меси) се најдобрите во светот.
Меѓу селекторите, се издвојуваат Јоаким Лев и Крис Колеман, додека германскиот капитен Мануел Нојер исто така немаше место за нив двајца.
Нојер на прво место го стави Крос, додека Левандовски и Видал слично размислуваат.
Колеман го одбра Рамос и Модриќ, а Јоаким потполно “неочекувано“ Крос, Нојер и Нејмар.