Си Ѕинпин денес го доби својот нов петгодишен мандат, и ќе продолжи да ја води Кина кон врвот на политичката мапа на светот Тој планира Кина да се најде таму до 2050-та година, а се надева дека неговите наследници ќе продолжат по неговиот пат.
Си Ѕинпин е роден на 15 јуни 1953 г. во реонот Сиченг, Пекинг, Си е првиот водач на партијата што говори чист мандарински без локален акцент. Татко му, Си Џунгсин е еден од основачите на комунистичкото герилско движење во Шенси и бил на функцијата заменик-премиер. Кога Си имал 10 години, татко му бил симнат во чистка и испратен да работи во фабрика во Луојанг, Хенан.[4] Во 1968 г, во текот на Културната револуција, татко му бил осуден и затворен. Останувајќи без поткрепа од татко му, Си како средношколец бил испратен на работа во Јенчуан, Шенси. Подоцна станал секретар на партискиот огранок во производната задруга сè до 1975 г.
Од 1975 до 1979 г, Си студирал на хемиско инженерство на престижниот универзитет „Цингхуа“ во Пекинг. Во 2002 г, на истиот универзитет станал доктор по правни науки, задржувајќи се на марксизмот и идеолошката наобразба.[5] Од 1979 до 1982 г, бил секретар на Генг Бјао, а потоа бил на функцијата заменик-премиер и Генерален секретар на Централниот воен комитет. Служејќи на Воениот комитет, Си се стекнал со добри познавања од областа на воените работи. Во 1985 г. бил член на делегацијата во Маскатин, Ајова (САД) која имала за цел да го изучува американското земјоделство.
Служел на разни функции во подрачниот комитет на КПК во Фуџоу, а во 1990 г. станал претседател на месното партиско училиште. Во 1999 г. бил унапреден во Заменик-управник на покраината Фуѓен, а следната година дошол на функцијата управник. За време на ова службување правел напори за да привлече инвеститори од Тајван и да ја унапреди слободната пазарна економија.
Во 2002 г. стапил на висока функции во Џеџанг. Набргу станал покраински партиски началник, а потоа управик на покраината. Потоа стапил во ЦК на КПК и со тоа влегол во државниот врв. Додека бил во Џеџанг, Си обезбедил поволни стопански услови за голема стапка на развој од 14% годишно, притоа немилосрдно борејќи се против корупцијата.
Во март 2007 г. станал партиски началник на Шангај по симнувањето на дотогашниот началник поради вмешаност во скандал со пензискиот фонд.
Напредува брзо во својата политичка кариера и во 2012 година е избран за генерален секретар на ККП и претседател на Кина.
Си Ѕинпинг води безкомпромисна борба против длабоко вкоренетата корупција откако ја превзеде власта пред пет години. Во тој период, казнети се над еден милион високи функционери, а стотици завршија во затвор.
Благодарение на тоа, но и на неконвенционалниот однос кон обичниот народ, тој изгради силен култ на неговата личност. Тој посетува локални продавници, чека во ред за да плати за својот оброк во кантината и ги посетува сиромашните граѓани во руралните предели – поради тоа тој стана многу популарен во Кина.
Тој грижата за најниските слоеви ја изградил уште во детството. На 15 години во рамките на програмата смислена од Мао Цен Тунг Си Ѕинпинг живеел седум години на село. Работел на полето, учествувал во градбата на браната, а навечер спиел во пештера.
Си Џинпинг денес дефинитивно се афирмира како најмоќниот лидер на Кина во последните 40 години, затоа што влезе во историјата на владеачката Комунистичка партија на Кина, еднакво како и основачот на режимот, Мао Це Тунг.