4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

КОНЕЧНА ОДЛУКА НА ПСЖ Еве кој ќе биде пеналџија оваа сезона

Кој ќе ги изведува пеналите во ПСЖ? Ова прашање беше поставувано повеќе пати во фудбалската јавност, и истото предизвика конфликт меѓу Нејмар и Кавани. Бразилецот веднаш по пристигнувањето во тимот на ПСЖ се обиде да се наметне како “главен“ играч на теренот, сакајќи да покаже дека не е дојден на гости во ПСЖ, туку е дојден да биде оној кој ќе го диктира темпото на играта.

Двајцата играчи креираа голем инцидент на дуелот со Лиоан кога се натегаа кој да шутира пенал. Во моментот кога Уругваецот требаше да го изведе пеналот, му се доближи Нејмар кој се обиде да ја земе топката со цел тој да биде играчот кој ќе го изведе ударот од белата точка. Медиумите од Франција пренесоа дека расправијата продолжила и во соблекувалната, па дури и лидерите на ПСЖ мораа да се замешаат за да се смират страстите.

Според пишувањата на Ла Паризиен, ПСЖ пресекол за тоа кој ќе биде пеналџија, одговорноста за ударите од белата точка ќе ја добие Нејмар следната сезона, а оваа сезона улогата Бразилецот ќе ја дели со Единсон Кавани

Наводно, според пишувањата на весникот поради ваквата одлука останатите играчи веќе го искажале своето незадоволство пред управата на тимот.

поврзани објави

Последни објави