14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Како изгледа еден град по окупација на џихадисти

Пред пет месеци група од борци, поврзана со “Исламска држава, го нападна и ја презедо контрола врз делови на градот Марави, провинциската престолнина на Лана дел Сур во јужниот дел на Филипините.

Локалната армија, неподготвена за нападот, ги повлече своите војници од градот, оставајќи го под контрола на џихадисти. По неколкумесечните борби, претседателот Родриго Дутре објави дека градот Марави е потполно ослободен од исламистите. Ова се случува по жестоката опсада на градот што траеше 148 дена.

Со месеци армијата не можеше да им помогнам на милициите од остатокот од градот. За време на опсадата на градот загинаа повеќе од 1000 луѓе.

Фото: Еве како изгледа Марави по опсадата

Филипините џихадисти кои се изјаснија како гранка на “Исламска држава” припаѓаат на локалната терористичка група “Мауте”, која пак од своја страна е поддржана од друга терористичка организација – “Абу Сајаф”, која е и една од најмоќните џихадистички групи во Југоисточна Азија .

Воздушните напади и владини трупи ги избркаа терористите, но последните ја оставија својата тешка трага врз градот – стотици разурнати и порутени куќи, џамии и згради.

По смртта на двајца од водачите на терористите претседателот Дутерте го прогласи градот за освоен.  Меѓутоа, вчера властите им дозволија на некои од 400.000 раселени лица да  се вратат во ослободените делови на градот.

 

поврзани објави

Последни објави