10.8 C
Skopje
Saturday, February 24, 2024

Ова ќе биде достоен крај за најголемиот: Икер Касиљас наскоро во редовите на големиот клуб од Островот

Се чини дека шпанскиот голман Икер Касиљас ќе го промени клубот на 37. Години. Моментално ја игра третата сезона за Порто откако беше “протеран“ од Реал. Но изгледа дека и приказната во Порто е завршена.

Пред неколку недели се пресели на клупата, за да во минатото коло против Пакос Фереира ( победа 6:1) се врати меѓу стативите.

Шпанска “Марка“ објави дека Порто одлучи да го пушти Касиљас во јануари поради неговата голема плата од пет милиони годишно може да го прекрши финансискиот фер плеј. Неговиот договор во Порто трае до јуни 2018. година, што значи би можел да замине без оштета.

Се чини како Ливерпул е прв во редот за легендарниот Шпанец. Момците од “Енфилд“ имаат проблем со одбраната и примените голови, па тие сметаат дека Касиљас би можел да им помогне во тоа. Клоп во 2016. Година го воеде Каруис од Маинц, но се повеќе изгледа дека тоа е промашена инвестција бидејќи тој се почесто прави грешки.

Ова ќе биде добитна комбинација за сите страни. Ливерпул ќе добие нов харизматичен лидер, а Касиљас ќе добие прилика да докаже дека и понатаму е врвен голман во едни од најдобрите лиги во светот, пишува Goal.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -