Она што беше неизвесно и се зборуваше за него во авто-мото светот денеска се официјализираше, Ф1 возачот Фернандо Алонсо ќе учествува на трката на „24 часа Дајтона“ во 2018-година
Екипа на Шпанецот ќе биде „Јунајтед Аутоспорт“ а колеги ќе му бидат Ландо Норис и Фил Хенсон.
Сите предвидуваат дека Алонсо го користи ова натпреварување како подготовка за потенцијално учество на најпознатата трка во Франција, 24 часа Ле Ман.
Тој ќе ги направи првите тестови со својот автомобил од 5-7 јануари, а официјалната трка е закажана за 27 и 28 јануари.