„САД сакаат целосна и обединета Сирија во која Башар ал Асад нема да има улога во владата. На владеењето на семејството на Асад му се ближи крајот. Единствено е прашањето како тоа треба да се оствари“, им рече Тилерсон на новинарите во Женева.
Шефот на американскиот Стејт департмент вели дека единствената причина поради која силите на Асад беа во можност да направат пресврт во односот на силите во војната, што трае повеќе од шест години, е „воздушната поддршка што ја добија од Русија“.
Тилерсон рече дека на Иран, вториот голем сојузник на Дамаск, не треба да им се припишат заслуги за победата над исламската држава, бидејќи Иран „мислам ја искористија ситуацијата“, наведе Ројтерс.