-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мафијаши, шпиони и кубанци во новите документи за убиството на Кенеди

Објавените документи за убиството на претседателот на САД Џон Кенеди се вистинска ризница за барателите на вистината, кои се обидуваат од повеќе од половина век да разберат што се случило во Далас во 1963 година, пишува “Њујорк тајмс”.

Во документите се говори за мафијаши, шпиони и Кубанци. Тие ги покажуваат и сомневањата на Кремљ дека зад убиството стоел потпретседателот Линдон Џонсон, како и стравувањата на властите во САД, дека општеството нема да ја прифати официјалната верзија за настаните. Некои од нив укажуваат и на немирите и хаосот во деновите по атентатот на претседателот.

Меѓу нив е се наоѓа и една белешка, очигледно на самиот директор на ФБИ Џон Едгар Хувер набргу по убиството на Ли Харви Освалд во ноември 1963 година, која започнува со лаконската реченица “Нема ништо ново во врска со случајот Освалд, освен што тој е мртов”.

Само 53 од објавените 2891 документот никогаш не биле откриени. Останатите биле објавени со уредувања, забележува “Њујорк тајмс”. Еден од нив открива реакцијата на СССР по убиството.

Некои аналитичари во Москва, убиството го сметале за државен удар на ултрадесните сили во САД и очекувале дека за случајот ќе биде обвинет Советскиот Сојуз. Неименуван информатор рекол пред американски шпиони, дека КГБ располага со докази дека претседателот Џонсон е одговорен за убиството.

Во белешка два дена по убиството директорот Хувер изразува загриженост дека убиството на Освалд ќе предизвика сомневање меѓу Американците дека тој е вистинскиот убиец.

Хувер изразил и загриженост дека контактот меѓу Освалд и кубанската амбасада во Мексико, како и испратеното од него писмо до советската амбасада во Вашингтон, може да ги комплицира надворешните односи на САД.

Документите нема да стават крај на споровите и шпекулациите а некои од нив може да предизвикаат нови прашања, истакнува “Њујорк тајмс”. Во 1975 година директорот на ЦИА Ричард Хелмс бил запрашан за време на под заклетва, дали има информации  “дека Освалд бил агент на ЦИА„, но објавениот дел од документот завршува таму. Одговорот на Хелмс исто не е прикажан, забележува американското издание. Останатите документи ќе бидат објавени по 6-месечно
студија, забележува во. “Вашингтон пост”. Претседателот на САД Доналд Трамп отстапи, давајќи овој рок, за да може да бидат изменети одредени информации поврзани со националната безбедност.

Некои од исчезнатите материјали се оние од најголем интерес за експертите за случајот, на пример 338-странично досие за Џон Мур, раководител на филијалата на ЦИА во Далас за време на
убиството. Недостасува и 18-странично досие за Гордон Макглендон, бизнисмен од Далас, кој разговарал со Руби токму пред тој да го убие Освалд. Не се објавени и материјали за познати
кубански дисиденти во егзил, противници на Кастро, кои исто така биле меѓу осомничените за убиството групи.

Сепак документите не ја побиваат теоријата дека поранешниот маринец Освалд дејствувал самостојно. Нацрт на Комисијата за убиствата на Домот на претставниците на САД ја одбива како веројатна верзијата дека Куба наредила убиството поради обидите на ЦИА да го ликвидира Фидел Кастро. Повеќето Американци сметаат дека Освалд не дејствувал сам, забележува “Вашингтон пост”,
цитирајќи студии на “Галуп”.

поврзани објави

Последни објави