МВР јави за две прекршувања на гласачкиот процес во Кисела Вода за време на гласањето за болни и изнемоштени лица на вториот круг од локалните избори.
Од таму соопштуваат дека откако изнемоштено и старо лице гласало во својот дом на улицата „Јабланица“ во присуство на Избирачка комисија во состав од претседател и тројца членови, член на Општинската изборна комисија го сликал гласачкото ливче со заокружениот број. Случајот вчера на пладне го пријавил претседателот на Комисијата во полициската станица во Кисела Вода.
Во 14,20 часот, пак, член на Општинска избирачка комисија Кисела Вода, пријавил дека при разнесување на гласачки материјали на гласачко место број 2746 лоцирано во Месна заедница “11-ти Октомври” од страна на претседател на Избирачкиот одбор сликан е кочан со гласачки ливчиња со број на избирачко место што е спротивно на правилата.