Екс премиерот и претседател на ВМРО НП Љубчо Георгиевски на својата ФБ страница потсети дека во екот на најголемите митинзи против тиранската платформа преку ТВ обраќање ги повикал ВМРО-ДПМНЕ да престанат со таквиот тип на пресија и да одат на редовни локални избори во Мај, напоменувајќи дека тогаш ќе победеле убедливо и ќе имале можност да бараат предвремени избори.
Целиот статус на Георгиевски ви го пренесуваме интегрално
Само за потсетување: Во екот на најголемите митинзи против тиранската платформа преку ТВ обраќање ги повикав ВМРО-ДМНЕ да престанат со таквиот тип на пресија да одат на редовни локални избори во Мај. Потенцирав дека не смеат да ги испуштат изборите во Мај. Ќе победат убедливо и да бараат предвремени избори. Градоначалниците беа принесени како жртва за да некој купи два месеца.
Бидејќи од таму ветија дека ќе прават длабински анализи не е лошо да почнат од тука. Кој им ја направи сратегијата за одлагање на редовните избори во Мај.
Само за потсетување: Во екот на најголемите митинзи против тиранската платформа преку тв обраќање ги повикав ВМРО-ДМНЕ…
Posted by Ljubco Georgievski on Monday, October 30, 2017