Најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо направи срамен потег во текот на натпреварот меѓу Реал и Гирона.
Роналдо очигледно допушти фрустрацијата поради лошиот резултат да го совлада па во еден дуел намерно го удри играчот на Гирона Переа Понсо.
На снимката се гледа јасно како Кристијано ја крева десната рака и го зафаќа лицето на противничкиот играч кој потоа паѓа на земја.
Судијата не ја виде оваа ситуација, но фудбалскиот сојуз на Шпанија може да покрене постапка против Португалецот, како што тоа беше случај на почетокот на сезоната кога на Роналдо му е одредена казна од пет натпревари.
https://www.youtube.com/watch?v=M43JiZy6sZI








