3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

Кевин Спејси призна: Јас сум геј!

Вниманието на светската јавност од вчера е насочена кон Кевин Спејси. Актерот преку својот Твитер профил јавно призна дека е геј. На признанието му претходеше обвинението од актерот Ентони Реп, дека кога имал 14 години, бил сексуално нападнат од Спејси.

Како резултат на сите приказни, Кевин одлучи да се обрати на јавноста, а пораката објавена на социјалните мрежи ја пренесуваме во продолжение:

„Се восхитувам и многу го почитувам Ентони Реп како актер. Згрозен сум што слушам ваква приказна. Искрено, не се сеќавам на таа средба… Но, ако сум се однесувал така како што тој опиша, тогаш му должам најискрено извинување, а објаснувањето го наоѓам само во тоа дека сум бил пијан. Му се извинувам за чувствата што ги опиша, а ги чувал во себе со години.

Оваа приказна ме охрабри да проговорам и за други работи во мојот живот. Знам дека во јавноста кружат многу приказни за мене и дека повеќето се поттикнати од фактот дека строго ја чувам својата приватност. Како што знаат и моите најблиски, сум имал врски и со мажи и со жени. Сакав и имав романтични средби со мажи во текот на целиот живот и сега бирам да живеам како геј маж. Сакам да се справам и да ѝ пријдам на целата работа искрено и отворено, а тоа ќе почне со преиспитувањето на моето однесување“.

Фото

Извор: Fashionel.mk 

поврзани објави

Последни објави