Претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, е класичен пример како завршува кариерата на политичарите кои ја злоупотребуваат довербата на народот, изјави премиерот Никола Груевски коментирајќи ја изјавата на Црвенковски по резултатите од локалните избори.
Она што се случува со Бранко Црвенковски е слика и прилика и добар случај за сите оние кои почнуваат да се занимаваат со политика или планираат да се занимаваат за да видат како завршува еден политичар кој што во некое време му била дадена најголемата доверба од граѓаните и тоа во неколку наврати. Тој не ја искористил, напротив, ја злоупотребил, ги манипулирал, ги лажел, ги потценил, верувал дека ништо од тоа нема да препознаат и ова е неговиот завршеток, ова е неговиот крај. И затоа велам е одлична прилика за сите оние кои започнуваат или сакаат да се занимаваат со политика да научат и да видат еден класичен случај тука во Македонија, кај нас, како граѓаните казнуваат политичари кои со години си поигруваат со нивните емоции, чувства и со нивната доверба“, изјави Груевски.