3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Поради овој срамен потег двајца навивачи никогаш повеќе нема да го гледаат во живо Тотенхем на домашен терен

 

Дека фудбалот знае понекогаш да биде причина за одредени навивачи да бидат агресивни и брзи во донесувањето на одлуките односно реакциите кои ги превземааат е неспорно, но дека двајцата навивачи кои фрлаа чаши со урина кон навивачи на Вест Хем направија грешка која ќе ги чини скапо и за која најверојатно веќе се каат, е исто така непобитен факт. Имено, Тотенхем им изрече казни на двајца свои фанови кои фрлаа чаши со урина кон навивачите на гостинскиот тим. Фановите кои го направија овој грозоморен чин покрај тоа што ќе се соочат со полицијата, тие ќе одговараат и пред управата на својот клуб кој им додели доживотни забрани на навивачите за присуство на стадионот, што значи дека никогаш повеќе нема да можат да го гледаат Тотенхем на домашен терен.

поврзани објави

Последни објави