-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Макијавели беше во право

Се сеќавате ли на фотографијата, на која Барак Обама, уште како претседател на САД, и целата негова екипа, вклучувајќи ја и Хилари Клинтон, која во тоа време беше државен секретар, стојат во собата и ја набљудуваат операцијата за ликвидација на Осама бин Ладен.

Тоа е макиавелистички момент – политички лидер, кој превзема ризик – нешто што оди рака под рака со остварувањето на моќта – и ја чека судбината да се искаже во негова полза. Тој знае, дека ако мисијата е неуспешна, претседателството му завршува, а ако успее, никој не би требало одново да го постави прашањето дали тој би вложил и ризикувал се за да ја оствари целта.

Тоа е макијавелистички момент и во еден втор план – кога општествената неопходност бара неморални дејствија, кои и противречат на личната етика и религиозните верувања (што во практика би значело убиството на кој и да е човек), да земеш решение во полза на државата и општеството. Да излезеш од сопствените претстави за добро и лошо и да влезеш во улогата на вистински државник.

Никој не кажал, дека да управуваш е лесно.

Ги нарекуваме овие моменти “макијавелистички“ по речениците на италијанскиот филозоф, државник и историчар од ренесансата, Николас Макијавели – “Владетелот“. Ова дело, напишано од Макијавели на крајот од својот живот (во 1513 година) кога се обиде да ги импресионира Медичите и тие да го поканат како свој советник, беше првото такво дело кое ја означува границата на моралниот свет на политиката, која ја разделува личната совест на секоја личност и она што владетелот мора да го направи во името на власта и на оние што владеат.

Бруталната искреност на “Владетелот“ предизвикува скандал уште со неговата појава. Додека делото е лична порака кон Лоренцо Медичи, таа станува јавна и со себе носи бран на негодување. Книгата беше ставена на папскиот индекс на забранети книги во 1559 г. а авторот и е осуден на театарските сцени во Лондон “Злобниот Макијавели“.

Од тогаш наваму името на италијанскиот филозоф се поврзува со злото, бескрупулозноста и политичарите кои се подготвени на се за да ги постигнат своите цели. Еден од најголемите современи теоретичари на конзервативната политика – Лео Штраус – им велел своите студенти на Универзитетот во Чикаго во 50-тите години, дека Макијавели е “учител на злото”. И темата за моралот во политиката останува актуелна и до денес, особено во овие времиња кога политичарите ја кријат потребната безмилостност на политичкиот живот зад реториката за семејните вредности и христијанските принципи.

Реално провокацијата на Макијавели сеуште дејствува. Со своите идеи дека во политиката злите дела престануваат да бидат лоши, ако итен јавен интерес ги наметнува, тој ги става под сомнение самите концепти за добро и зло. И до денес филозофи, политичари, политиколози и обични луѓе, се обидуваат да дадат објаснување на овој труд на Макијавели. За да ја сфатиме неговата брутална искреност, што се однесува до политичките дела, власта и најмногу – нејзиното зачувување, треба да се разбере и самото време во кое што “Владетелот” е напишана – исклучително испреплетената и насилна атмосфера на Италија помеѓу 1498 година, кога Макијавели ја зазема должноста висок функционер во Фиренца и 1527 година, кога умира. Вистината е дека “Владетелот” не е книга, напишана за масовниот читател, токму затоа во неа се прави разлика меѓу личниот морал од моралот на државник. Значи ова е далеку од овој ултра циничен труд, во кој власта е цел сама за себе, а зачувувањето на власта треба да стане со на цената на сè. Овде зборуваме за патриотски дух, кој се повикува на силен единствен владетел кој да ја обедини поделена Италија и да ја истргне од власта на Французи, Шпанци и Австријци.

Практично повеќето современи истражувачи на Макијавели се обидуваат да го исчистат од имиџот на негативец и циничен политичар. Дури напротив, сите нагласуваат дека неговиот последен етички ангажман е кон зачувувањето на vivere libero, слободниот живот на Фиренца и на другите градови републики во Италија. И сепак зошто тој го стекна образот на злосторник? Макијавели е првиот теоретичар, кој тврди дека политиката е безмилосна работа која бара од лидерите да прават работи кои би разбудиле одвратност во совеста на обичниот граѓанин. Реално шокантното кај Макијавели е фактот дека на него не му е гајле. Тој верува не само дека политичарите треба да вршат зло во името на јавното добро, но и дека не треба да бидат загрижени за тоа. Со други зборови, тој не се плаши од тоа дека политичарите треба “да си ги извалкаат рацете.

Големиот филозоф од “Принстон” Мајкл Волцер, го опишува чувството да имаш “валкани раце” во политиката, како огромна улога на совеста со која политичките актери треба да живеат додека се занимаваат со општествени проблеми чие решение бара акција и премин надвор од личниот морал.

“Ова е моралниот политичар. Го препознаваме по неговите валкани раце”, вели Волцер. Тој смета дека луѓето реално сакаат политичарите да се „будат ноќе поради совеста”, бидејќи во пракса тоа би значело дека последните имаат тенденција да ги префрлат своите граници во името на јавниот интерес.

Разликата кај Макијавели е дека тој едноставно не смета дека политичарите треба да се загрижени толку од работите кои ги прават во името на општото добро. И веројатно би се согласил со озлогласената реплика од “Сопранови” – “Понекогаш едноставно направи она што треба да се направи”.

Но сепак “Владетелот” немаше да преживее толку долго, ако не беше нешто повеќе од извинување за гангстери.

Кај гангстерите неразумната суровост е ефективна, додека во политиката Макијавели јасно разбира дека таа е нешто полошо од криминалот. Таа е грешка. Токму оваа сентенција според него треба да го дисциплинира секој чесен политичар во областа со сомнителен морал. Еден лидер, воден од јавните потреби, е далеку поголема веројатност да биде суров отколку некој предводен само од религиозни норми.

Практично етиката за еден владетел, проповедана од Макијавели, е рамнодушна кон христијанските принципи и затоа има добра причина – на крајот на краиштата некој кој верува дека Бог е на неговата страна, е способен за сè. Макијавели не е демократ, но сфаќа дека гневот на масите лесно може да се прошири и да донесе крвав крај на владеењето на секој принц. Затоа тој смета дека политичарот мора да ја одржи својата виртуозна слика за граѓаните, бидејќи тие навистина се заинтересирани да имаат мир и просперитет.

Сето ова ќе изгледа како грд цинизам, ако не можеме да влеземе во подлабокиот реализам на учителот.

И тоа лежи во фактот дека понекогаш крајниот резултат е поважен од сопственото чувство за добро и зло. Понекогаш добрата работа што може да се направи, всушност води до штетни резултати. И улогата на вистинскиот лидер е да разбере што е најдобро за неговиот народ во ситуација кога моралните избори само ќе доведат до проблеми. Она што е во коренот на “Владетелот” е едноставната вистина дека кога станува збор за навистина тешки одлуки, вашата лична емпатија, добрина и така натаму. можеби не се најдоброто решение. Тие се за оние кои не мора да бидат одговорни. Затоа, за Макијавели, политичар кој ја цени неговата совест повеќе од јавни работи, кој е неодлучен и колеблив во критичниот момент, е лош политичар.

 

поврзани објави

Последни објави