3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

За ЕК нема дилема околу мандатот на новата локална власт

Локалните избори во Македонија им дадоа неспорен мандат на новите градоначалници и советници за тоа како граѓаните сакаат да изгледаат локалните власти во нивните општини, изјави портпаролката на Европската комисија (ЕК) Маја Коцијанчич во писмената изјава објавена на веб страната на ЕК. Според неа, акцентот сега треба да се стави на придвижување на реформската агенда насочена кон ЕУ преку инклузивен процес, во интерес на сите граѓани. Коцијанчич потсети дека изборите биле набљудувани од страна на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР која во својата првична изјава оцени дека двата круга поминале со почитување на основните слободи, иако биле забележани одредени слабости, вели Коцијанчич. Коцијанчич подвлекува дека чинители во државава треба да ги спроведат препораките дадени од страна на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР, со што ќе им се овозможи на државните институции да ги зајакнат своите капацитети пред следниот изборен циклус.  Забелешките и жалбите од учесниците на изборите, според Коцијанчич, треба да се насочат кон релевантните национални институции согласно установените процедури и во рамките на законските рокови.

 

поврзани објави

Последни објави