14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

„Зеро“ – вечер на млади кореографи на Скопје танцов театар во МКЦ

„Скопје – танцов театар“ вечерва од 20 часот во Младинскиот културен центар во Скопје организира вечер на млади кореографи, на која ќе ја прикаже претставата „Зеро“. Претставата е составена е од четири кореографии, од кои премиерно ќе биде изведена „Без стоп“ во режија на Матеа Киселичка, а на музика на Зек Хемси.

Другите три дела од претставата „Зеро“ што се игра вечерва во МКЦ се „Азбука“ од Јакуб Мунко на музика на Виктор Апостоловски и Јохан Јохансон, „Еден“ во кореографија на Александра Петрушевска – на музика на Александар Гроздановски и „Јас и вие“ во кореографија на Дејан Битровски.

Во „Зеро“ ќе настапат танчарите на „Скопје танцов театар“: Матеа Киселичка, Адријана Данчевска, Јакуб Мунко, Александра Петрушевска, Дејан Битровски, Тринга Хуса, Јована Зајкова, Сара Цветковска, а ќе дебитираат Тереза Лазарев, Бобан Русески и Артемиса Морина.

Скопје танцовиот театар, кој го раководи кореографката Рисима Рисимкин, ја посветува претставата на неодамна починатата примабалерина во пензија Јагода Сланева, која беше дел од нивниот тим.

поврзани објави

Последни објави