Не помина многу време пред да се појави веста дека Нејмар е несреќен во ПСЖ. Веќе неколку дена шпанските спортски весници пишуваат дека Нејмар жали што ја напуштил Барселона и дека не се чувствува добро во Париз под раководството на Унај Емери. Денеска се појави нова приказна.
Шпанскиот фудбал таблоид Don Balon јавува дека Нејмар е свесен дека не може да се врати во Барселона, но може да отиде во Реал Мадрид. Таблоидот потсетува дека таткото на Нејмар инсистирал неговиот син да отиде во ‘кралскиот’ клуб, а не во Барса.
Сега е возможно овие контакти да бидат обновени. На Флорентино Перез му е јасно дека треба да најде замена за Кристијано Роналдо и Нејмар е прекрасна опција за тоа.