13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Кумановецот кој го уби другарот и фрли во бунар доби 8 години затворска казна

Денес Основниот суд Куманово донесе пресуда  со која се казнува со 8 години затвор Даниел Д.(30), кој го убил Бојан Илиевски (31), а потоа го фрлил во бунар на периферијата на Куманово.

Убиството според обвинителството се случило на 26 јуни минатата година по полноќ, кога двајцата другари Даниел и Бојан, по посета на неколку угостителски објекти и ноќен клуб, заминале во кругот на црквата „Света Мина“. Додека разговарале, Даниел извадил пиштол и испукал еден куршум во Бојан кој седел на клупата. Потоа го фрлил телото во бунарот и побегнал.

Веќе осудениот се бранеше дека не го сторил делото и дека починатиот сам си пресудил откако извршил самоубиство. Но како што истрагата одминуваше беа откриени нови детала како на пример обувките на убиецот на кои што имало крв.

поврзани објави

Последни објави