4.8 C
Skopje
Friday, February 23, 2024

Се сеќавате на легендата на Реал, Гути? Еве каде е сега и што работи

Реал Мадрид во минатото неславно се откажа од неколку свои најбитни фудбалери.

Најдобриот пример е Хозе Марија Гутиерез – познат како Гути. Роден е во Мадрид, таму заигра фудбал, а во Реал во оваа игра научи се, за клубот одигра 400 натпревари, а беше испратен од клубот без тронка почит – избркан и заборавен.

А и самата неговата кариера беше преполна со турбуленции, заплети и расплети, обиди на сите можни офанзивни позициии во тимот, рокади и жртви на разни начини. Секој тренер имаше за Гути некој нов план. А тој сето тоа го трпеше, ја менуваше фудбалската филозофија почитувајќи ги желбите на тренерот. Се додека не му дојде до грло.

Замина од Шпанија во солзи, сакаше да ја оживее кариерата во Турција, играше за Бешикташ една сезона. Беше заштитен знак на својот клуб, навивачите го обожаваа, а некои и денеска ќе пуштат солза кога ќе се сетат како е избркан и заборавен. Денеска ги тренира U-19 тимот на Реал Мадрид барајќи го новиот себе во некој од младите надежни фудбалери. Повторно деградиран и на маргините. Меѓутоа, неговата тренерска иднина се чини блескава. Освои се што можеше да се освои со децата на Реал (Лигата, Купот на кралевите и Лига на шампиони) а полека се пробива и меѓу најталентираните тренери на денешеницата. Дури и многу клубови во Примиера се распрашуваат за него. Го одби Алавес и Лас Палмас бидејќи верува дека ќе дојде време кога ќе ја превземе првата екипа на Реал. Се споменува како можен наследник на Зинадин Зидан.

За сега ќе остане и ќе го води тимот на младите играчи до 19 години, а доколку Сантиаго Солари добие отказ во Кастиља, што е се по веројатно, Гути ќе ја превземе оваа екипа и така ќе биде чекор поблиску до својот сон.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -